Драма во кафуле во Аеродром - Крадец фатен на дело

Крадец бил фатен на дело во кафуле во скопската населба Аеродром.

Како што дознава КУРИР, утрово во 10:30 часот во кафуле, младо момче на околу 30 годишна возраст влегло во објектот. Изгледал сомнително, па ги примамил погледите на дел од гостите.

Крадецот украл мобилни телефони на вработените, кои не ја забележале кражбата бидејќи во тој момент служеле.

Еден од гостите ја забележал кражбата и веднаш станал од столот и се упатил кон крадецот.

Скопски таксист сведок ја раскажува драмата:

-Забележав дека, мислејќи дека никој не го гледа, зема два мобилни телефони. Веднаш станав кон него и му го попречив патот за да не го напушти локалот. Му реков да ги врати телефоните веднаш. Прво не сакаше да го направи тоа, но јас инсистирав. Се врати на местото од каде што ги зема телефоните и јас се вратив на својата маса. Ова го забележаа присутните, па еден од нив тргна кон него сакајќи физички да се пресмета со крадецот, кој веднаш потоа избега, вели тој за Курир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2019 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега