Исчезнати две лица од Скопје: Полицијата трага по малолетно девојче и 31- годишен маж

Во текот на вчерашниот ден, две лица биле пријавени за исчезнати, едно малолетно девојче и 31- годишен маж.

Според пријавеното, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Б.(42) од Скопје, пријавил дека од домот заминала неговата малолетна ќерка, која претходно неколку пати заминувала и била враќана од полицијата.

 

Исто така во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Бит Пазар, Д.С.(39) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Д.Е.(31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2019 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега