МВР: СДСМ не знае што значи „еднаков пред законот“

Министерството за внатрешни работи постапувало и ќе продолжи да постапува крајно неселективно, согласно Уставот и законите на Република Македонија. За МВР е ирелевантно дали некој е воопшто политички определен и каква функција извршува. За МВР е суштински дали некој работел согласно законите или спротивно на нив, бидејќи правдата мора да биде неселективна.

Официјалното соопштение на МВР е објавено на интернет страницата и во ниеден момент МВР не ја наруши пресумпцијата на невиност. Тоа што СДСМ повторно, како и во операцијата „Шпион“, лицитира со имиња и без да ја увиди фактичката состојба застанува во нивна одбрана и ги напаѓа институциите, говори за тоа како од партијата ја подразбираат еднаквоста пред законите во случај кога уште не е поднесена кривична пријава.

 

Сосем е легитимно СДСМ да пропагира политичка платформа во која за едни граѓани важат законите, додека за други не важат, но неприфатливо е да се вршат јавни политички притисоци врз органите на прогонот преку етикетирања без воопшто да бидат согледани доказите.

(Интегрален текст од писмена реакција на МВР на прес конференцијата на СДСМ)

09.10.2013 - 19:38

најчитано сега