Шиповиќ се јави: Во Скопје сум на 15 октомври

Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ кого полицијата госмета за првосомничен во акцијата „Претседавач“ најави дека за помалку од една недела ќе биде во Скопје.

„По шокантната вест се враќам порано 12 дена, веќе на 15-ти октомври“, рече Шиповиќ за Канал 5.

Според објавените информации, Шиповиќ веќе неколку недели е во САД каде што живее неговиот син. Неофицијално, синот на првиот човек восоветот на општина Центар имал операција на ногата.

Десетината осомничени меѓу кои и братот на првиот човек на огранокот на СДСМ во општина Центар кој утрово беа приведени од полицијата се очекува во текот на утрешниот ден заедно со кривична пријава да бидат изведени пред Истражниот суд, кој ќе треба да реши дали ќе им одреди мерка притвор или ќе ги пушти да се бранат од слобода.

09.10.2013 - 18:43