Дел од скопските населби утре без електрична енергија

Утре повеќе скопски населби ќе бидат без струја.

Корисниците лоцирани на улицата „20“ во Ѓорче Петров утре од 9 до 15 часот ќе бидат без струја. Од 10:30 до 12 часот без струја ќе биде Агино Село и дел од улицата „40“ во село Брадовци.

Во периодот од 9 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Момин Поток, а од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата „Рузвелтова“ бр. 63/а.

Корисниците од улицата „Ѓорѓи Казепов“ во Карпош и дел од селото Копаница од 9 до 15 часот ќе бидат без струја. Од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“, а од 8 до 15 часот жителите од улицата „Симеон Кавракиров“ бр. 2.

Од 8.30 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, а од  8.30 до 15 часот дел од улиците „Партение Зографски“, „Ѓорѓи Скрижевски“, „Рилски Конгрес“ и „Тасино Чешмиче“. Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Никола Карев“ и „Климент Охридски“.

 

09.10.2013 - 16:12
Фото: 
Региони.мк