Му ги земале парите и избегале - гостиврец измамен од две лица

 

Вчера во 10:30 часот во Полициската станица Гостивар, 86-годишниот Ш.А. од село Вруток, гостиварско, пријавил дека во близина на гостиварската болница бил измамен од две лица.

Според пријавеното, двете лица му се доближиле и едното од нив се претставило дека е од Канада и му побарало пари, наводно, за да плати одредени услуги за сопругата во болницата. Според пријавата, Ш.А. му дал 450 евра и 4500 денари, а како гаранција дека брзо ќе му ги врати парите лицето му оставило лажен златен часовник, кој претходно му го продавал на другото непознато лице. После тоа лицето заминало и не се вратило, информира МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега