Апелација ја потврди казната за дедото на Тамара, осуден за обид за убиство на Тодоров

Апелација ја потврди првостепената казна за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Одлуката на Апелациониот суд е испратена до Кривичниот суд, објави НОВА ТВ.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017.

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од 4 години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2019 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега