Закани во Скопско: Никој да не излегол од дома
Вистинска драма за Велигден преживеало семејство од скопското село Брест, јавува Курир
Педесет годишниот Џ.М. пријавил дека поради претходна расправија и тепачка со соселанецот Б.Ф.(42), истиот со други членови од неговото семејство дошле во неговиот двор и со закана со оружје не дозволувале на неговото семејство да излезе од куќата.
По преземени мерки на Џ.М. му е укажана лекарска помош во Градската болница „ Св. Наум Охридски“ во Скопје каде му е констатирана скршеница на рака, а Б.Ф. е приведен и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот