Понесете си чадор: Утринава сонце, но попладне повтороно промена

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9 Утринсакта температура ќе се движи од 15 до 24 степени, а дневната температура од 29 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 36 степени.

До сабота ќе се задржи доста топло време со повремено засилен северен ветер вдолж Повардарието, а во сабота ветерот ќе засилува насекаде.

Во сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде малку посвежо.

Сончево и топло, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 07:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега