Работела како проститутка за да магистрира

Се проституирала за да магистрира и сега мора да врати данок од 174,243 фунти.

Дона Осутејтс која има 30 години почнала да работи како проститутка за да заврши магистерски студии на Универзитетот Вестминстер.

Таа заработила 300.000 фунти, но на државата не и платила данок, поради што сега за три месеци мора да плати 174.243 илјади фунти или да замине на робија 2 и пол години.

Осутејтс наплатувала по 1000 фунти од вечер.

Така таа почнала добро да заработува и уплатила депозит од 110.000 фунти за стан вреден 360.000 фунти.

Полицијата и упаднала во нејзиниот дом и нашла 72.702 фунти во кеш, Дона во јули минатата година била осудена на 16 месеци затвор.

 

 

08.10.2013 - 15:54

најчитано сега