Кога среќата ќе ти се насмее: Наместо бакшиш добила лото и освоила 17.000 долари

Среќата и се насмеала кога најмалку очекувала .Додека ја работела ноќната смена во едно кафуле во Спрингфилд, дваесет и пет годишната Аурора Кепарт наместо бакшиш , постојан гостин и понудил  од купчето уплатени лото ливчиња да одбере две.

Подоцна кога ги проверила видела дека на едното има добиено пет долари , додека второто и донесе вистинско мало богатство, дури 17.500 американски долари.

Аурора веднаш се обидела двете ливчиња да ги врати на редовниот муштерија. Мажот само се насмевнал, одбивајќи ги.

 Ме шокираше. Мислам, кој би очекувал такво нешто? Ова е фантастично. Малку очите ми се насолзија, раскажала подоцна Аурора

08.10.2013 - 15:28

најчитано сега