Откако доживотната казна беше укината, браќата Асани осудени на 20 години затвор

Браќата Наим и Рамиз Асани од Арачиново, кои го извршија тројното убиство во интернет – кафуле „21“ во Чаир во 2006 година, имаат нова пресуда од 20 години затвор, објави „Досие“. Откако вчера беше објавено дека Асани биле ослобдени од доживотната затворска казна, денеска беше објавено дека им е изреќена казна затвор од 20 години, пишува „Досие“.

Нивната прва пресуда стигна до Европскиот суд за човекови права каде беа потврдени повреди во претходната постапка.Поради тоа Кривичниот суд го повтори судењето и отвори нов предмет за кој деновиве беше изречена новата санкција.

Убиството за кое им се судеше се случи пред 13 години кога браќата Асани ги убија браќата Енис (17) и Етин (13) Исмаили и Ибиши Реметула (20) поради наводна крвна одмазда.

Браќата Наим и Рамиз беа уапсени по едногодишно бегство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2019 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега