Пукање во Батинци, се пукало кон возило во движење


Денеска во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека вчера околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје. 


Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.05.2024 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега