Хрватска слави 22 години од независноста

Хрватска денеска ја слави независнота.Пред 22 години Хрватска реши да го прекине државно-правниот однос со некогашна Југославија.

Како што потсетува весникот „Вечерњи лист“ потсетува дека двајца актуелни политичари и тогаш биле политички ангажирани, претседателот на Саборот, Јосип Леко бил деловен директор на СДП, додека денешниот претседател на ХДЗ Томислав Карамарко, како член на таа партија партиципирал во власта.

Актуелниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ бил универзитетски професор, а во универсзитетските води, како што пишува весникот била и потпретседателката на Владата и лидер на Хрватската народна партија, Весна Пусиќ.

Најмладиот од хрватскиот Сабор бил премиер Зоран Милановиќ, кој имал 25 години и штотуку дипломирал на Правниот факултет.

Претседателот Јосиповиќ им упати на хрватските граѓани честитка по повод Денот на независноста, нагласувајќи дека независноста е темел на изградба на општество на слободата и човековите права, но и на заедничката одговорност за идниот развој.

08.10.2013 - 12:59

најчитано сега