Мигранти пронајдени повредени покрај пат кај Ваксинце- со убодни рани префрлени во болница

Рано утринава во 02 часот и 10 минути во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани.

Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.

Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа. Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега