Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија гласањето за Законот за јавно приватно партнерство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија денеска ја напуштија собраниската седница и воедно не гласаа за измените на Законот за јавно приватно партнерство. Имено од собраниската говорница пратеникот Илија Димовски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во гласање на оваа криминална точка која дозволува воспоставување на нова шанса за корупција и криминал во државата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа криминална точка нема да учествуваат во гласањето и ќе излезат и ќе остават целосна одговорност на пратениците од владејачкото мнозинство дали ќе дозволат воспоставување на нова шанса за корупција и криминал во државата, посочи Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега