Тешка несреќа на автопатот Скопје-Велес: Автомобил се преврте и излета од коловозот

Kај приклучокот на автопатот од Велес за Скопје, синоќа околу 19:00 часот, се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски броеви управуван од 23-годишниот Т.З. од  Гостивар излетало надвор од коловозот и се превртело, при што, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.С (24).

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредениот веднаш со возило на Брза помош бил транспортиран во велешката Општа болница.

Поради тешките повреди тој бил упатен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега