Прогноза за цела недела: Топло, но променливо време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и на повисоко ќе засилува.

Во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен претежно северен ветер. Температурата 20 / 31 степен.

Утре ќе дува засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието и ќе биде малку посвежо. Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега