ВМРО-ДПМНЕ: Го подготвуваме Предлог-законот за јавно обвинителство и наскоро ќе биде доставен до Собранието

Од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ, велат дека СДСМ ја пропушти шансата за борба против криминалот и корупцијата.

Од опозициската партија велат дека СДСМ не само што не покажа волја, туку во изминатите три години криминалот и корупција ги институционализираше и ги претвори во свој заштитен знак.

„Оттука целосно лицемерно е СДСМ да говорат за правна држава и владеење на правото, а патем Драги Рашковски се уште да е генерален секретар на Влада, Курто Дудуш да е се уште градоначалник, Кики и Фрики се уште да бидат на слобода, а Зоран Заев Капо ди Тути капи се уште да биде премиер.

Законот кој што СДСМ го предлага наместо правна држава треба да го зајакне рекетарско-судско-политичко-медиумскиот октопод кој е создаден од оваа власт. Законот кој го предлагаат е надвор од европските стандарди и има една единствена цел да ја замолкне опозицијата. Законот на СДСМ е неприфатлив и од персонален план кој Заев сака да го наметне, бидејќи тој е синоним за политичкото влијание врз судството. Јасна е тенденцијата на Заев и СДСМ да создадат алатка со која ќе го продолжат притисокот врз секој оној кој што се спротивставува на нивниот криминал.

Да не се секира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува предлог законот за јавно обвинителство и истиот многу и скоро ќе биде доставен до Собранието и до јавноста“ стои воо реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега