СДСМ: Додека за ВМРО- ДПМНЕ правдата е непознат поим, за нас борбата против криминалот не познава партиски бои

„Заштитата на криминалот и криењето на криминалци е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која заедно со Христијан Мицкоски се пипците на криминалниот октопод раководен од Будимпешта чија глава е осудениот криминалец во бегство Никола Груевски“ стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ е против правдата, против одговорноста и затоа измислува и конструира непостоечки случаи.

„За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата е непознат поим и затоа тие немаат кредибилитет да зброуваат за правда и одговорност.

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.

Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој влегува во собраниска процедура за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да покажат одговорност и да го прифатат Предлог Законот за Јавно обвинителство и да ги остават надлежните институции да работат независно, професионално и неселективно.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара“ се вели во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега