Три лица од Кавадарци осомничени за фалсификување на пари

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

Во текот на јуни 2019 пријавените набавиле 193 фалсификувани банкноти од по 500 денари, 41 банкнота од по 1.000 денари и банкнота од 2.000 денари, по што второпријавениот дел од нив пуштил во оптек во Кавадарци, а дел од нив во износ од 40.000 денари им ги предал на еден малолетник и на третопријвениот со обврска да му дадат надомест од 3.000 денари. По ова, тие, дел од фалсификуваните банкноти ги пуштиле во промет, а додека останатите банкноти ги изгореле.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега