Двајца скопјани приведени поради напад на полицајци на должност

Двајца скопјани биле преведени откако нападнале полициски службеници на должност, информираат од полицијата.

Имено, вчера во 14:51 часот на ул.„Димитрије Чуповски“ во Скопје, полициски службеници го привеле 28-годишниот Е.Е.од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службена дејност. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Подоцна, вечерта во околу 01:45 часот во село Лисиче, скопско, полициски службеници го привеле 19-годишниот С.А. од Скопје поради тоа што физички нападнал полициси службеници кои вршеле службена дејност. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега