Министерот Адеми на Самит за води во Будимпешта

Од денеска македонскиот министер за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, ќе биде дел од Самитот за води, во Будимпешта.

Самитот трае до 11 октомври а има за цел да се сумираат различните случувања во рамки на системот на ОН и надвор од него во поглед на подготовката на целите поврзани со водите за развојната агенда по Рио + 20.Ќе се дискутира за најсериозните предизвици на водите и нивното пречистување.

 

08.10.2013 - 09:10
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега