Иванов на „Спортски бон-тон“ во Валандово

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)“, денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација што ќе се одржи во општина Валандово.

Целта на овој проект е да се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење  на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце.

08.10.2013 - 08:44

најчитано сега