ФОТО: Премиерот Груевски на средба со романскиот и литванскиот министер за надворешни работи

Денеска претседателот на Владата нa Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Литванија и претседавач со Советот на ЕУ, Линас Линкевичиус, како и со министерот за надворешни работи на Романија и претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Титус Корлацеан.

            Премиерот Груевски истакна дека стратешка определба на државата е членството во Европската Унија и во НАТО при што се заблагодари на принципиелната поддршка која Литванија и Романија ја даваат на македонските европски и евроатлански интеграции , а посочи и дека Македонија досега доби четири позитивни извештаи за напредокот од Европската Комисија.

 Премиерот Груевски истакна дека единственото отворено  прашање кое ги попречува интеграциите, е спорот за името со Грција нешто на кое Република Македонија настапува со свои иницијативи во рамките на разговорите кои се одвиваат под покровителството на Организацијата на Обединетите нации, а ги запозна своите соговорници и со реформите кои се спроведуваат.

 

             Министрите за надворешни работи на Република Литванија и Република Романија го изразија своето задоволство од посетата и гостопримството во Република Македонија како и можноста непосредно да се запознаат со реформите и процесот на евроатланските интеграции на Република Македонија.

 

Соговорниците се согласија дека добрите политички односи кои постојат помеѓу државите треба да се интензивираат и развиваат на секое ниво, преку промоција на зaeдничките сфери на интерес кои ќе донесат напредок на взаемните односи меѓу државите.

 

 

07.10.2013 - 16:01

најчитано сега