Боки 13 доби 30 дневен притвор

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, доцна вечерва од судија на претходна постапка во Кривичниот суд доби 30 дневен притвор како осомничен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Претходно и второосомничениот за противзаконито влијание, Зоран Милески, познат како Кичеец, доби 30 дневен притвор. И двајцата беа спроведени со полициска придружба и лисици во судот.

Кичеец вечерва со полициска придружба беше изнесен од Кривичниот суд во Скопје и пренесен во полициско комбе.

Oбвинителството ги товари за трговија со влијание врз јавен обвинител од специјалното јавно обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 00:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега