Полицијата одзела еден телефон од Јанева, за другиот рекла дека го изгубила

Полициски екипи вечерва влегоа и во домот на Катица Јанева, каде се вршел претрес. Налог бил издаден од Обвинителството за организиран криминал.

Според неофицијални информации, од шефицата на СЈО било побарано да го даде нејзиниот мобилен телефон, кој требало да биде одземен и даден на вештачење.

Полицијата успеала да одземе еден од два мобилни телефони, бидејќи Јанева рекла дека другиот го изгубила, пишува „А1ОН“

Полицијата вечерва влезе и во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, како и во 1ТВ, медиум чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега