Боки 13 се обидел да избега од државата

Бојан Јовановски денеска се обдел да избега од државата – објави А1ОН“.

Според извори на порталот, Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска со уште тројца пријатели за малку ќе избегал од државава. Тој бил лоциран кај Гевгелија, како со голема брзина вози џип кон граница каде и конечно бил сопрен, а со него биле уште двајца негови пријатели.

Според извори на „А1ОН“  Боки 13 бил следен долго време од страна на истражните органи, а во обидот да избега бил лоциран според базната станица во близина на Гевгелија и запрен на пасошка контрола на граничниот премин „Богородица.

Истите извори тврдат дека во неговата торба биле пронајдени 5000 евра во кеш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега