Тетово: Им украл коњ - го фатиле и со сила го возеле во автомобил

Вчера попладне во 14 часот и 20 минути во Боговиње, тетовско, Р.М. и С.Ј. откако пријавиле кражба на коњ, го пронашле 32-годишниот Ф.Р. од Мала Речица, тетовско, за кој се сомневале дека им го украл коњот.

Двајцата тетовчани насила го внеле соселанецот во автомобил марка „Југо“ и го однеле во правец на селото Урвич.

Полицијата работи на случајот.