Статистика: Во август издадени 140 одобренија за градба

 

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во август биле издадени 140 одобренија за градење. 

Предвидената вредност на објектите изнесува 1.976.960.000 денари што е за 5,9 проценти помалку споредено со август минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 91 (65 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 18 (12,9 објекти) за нискоградба и 31 (22,1 процент) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 18.906 метри квадратни.

07.10.2013 - 15:38
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега