Фатен скопјанец кој ограбувал и сеел страв на улица

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против 24-годишниот Е.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „разбојништо“ и едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 37.800 денари.

Пријавениот со товарно возило извршил „тешка кражба“ во живинарска фарма во населба Илинден, а на 17.11.2018 пријавениот, заедно со уште две лица, физички нападнал такси возач и со закана му одзеле пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега