Полицијата влегла во домот на скопјанец - Заврши зад решетки

 

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против 47-годишниот А.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улицата „Дримкол“ во Скопје, при што пронашле и одзеле хероин и куршум од непознат калибар.

Исто така, на улицата „Љубљанска“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега