Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ беше и останува кочничар на медиумските реформи

ВМРО-ДПМНЕ беше и останува кочничар на медиумските реформи. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не свикува седница на Комисијата. На овој начин  ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кажа Костдаин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ на денешната прес конференција.

„Со таквиот однос, веројатно, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, со сигурност нема да се случат. Очигледно единствена причина е зачувувањето на нивните партиски кадри во МРТВ и АВМУ, кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава. Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис .

Јасно е зошто само ВМРО-ДПМНЕ, партијата што создаде заробена држава, е против независни и прфесионални институции, против независна Агенција и независен и професионален Програмски совет во МРТ“, кажа Костадинов и додаде: 

„За потсетување членот на програмскиот совет на МРТ, Косана Мазнева, токму од страна на Христијан Мицкоски беше назначена за негова советничка во неговиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ Тоа е потврда за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите но и уште еден доказ за потребата од сериозни реформи во јавниот сервис кои ќе овозможат професионализација на МРТ. Како одговорна партија, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања затоа што мораме да ја започнеме јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ. Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми. Реформите, почитувани граѓани, мора да продолжат“, заклучи Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега