Спасовски за вчерашниот вооружен грабеж на НЛБ: „Не се само македонски државјани“
Имаме одредени индиции за групата поврзана со грабежот на банка вчера, која е мешана, не е само со македонски државјани, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот вооружен грабеж на банка.
Посочувајќи дека ова е трет случај од минатата година, тој нагласи дека кога станува збор за вооружените грабежи, начинот отприлика е ист. Спасовски не откри повеќе детали заради, подвлече, истрагата.
Потсети дека покрај вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап.
– Ги реализиравме до крај, тоа беа грабежот во Тутунска и Шпаркасе банка и така натаму, изјави Спасовски и нагласи дека се работи многу посветено за да се расчистат сите овие случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа