Се забил во Ауди: Тешко повреден малолетник во Македонија

Во 18.15 часот на регионален пат Јегуновце-Желино, во село Сиричино, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Р.М. од село Голема Речица и мотоцикл „Јонваи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јанчиште.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово .

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега