Инцидент на плажа во Охрид
Едно лице е повредено во инцидент кој рано утрово се случил на една од охридските плажи, јавуваат охридските медиуми. Според информациите, лицето е повредено со остар предмет и се здобило со полесни повреди. Полицијата извршила увид на местото и најавува расчистување на случајот.