И во малите градови се “забушавало“ со фискалните сметки - УЈП затвори уште 25 фирми

Од Управата за јавни приходи информираат дека во Свети Николе, Дебар, Кривогаштани и Струга се регистрирани случаи на неиздавање фискални сметки во вечерните часови и за време на викендите.

Според информациите од УЈП, при контролите на мобилните екипи утврдено е дека од 25 деловни објекти кај кои имало неправилности, два воопшто не поседувале фискална опрема.

- И покрај тоа што најголемиот број на затворени објекти се во Скопје (над 150), сепак според анализите од досега извршените контроли, во помалите градови е увидена поголема фискална недисциплина, како што е примерот со Свети Николе, Дебар и Крушево, велат од УЈП. 

06.10.2013 - 14:15