Кој е градот кој е “измислен“ за младите?

Веб порталот „list25.com“  го прогласи главниот град на Австрија за најдобро место за живот на младите. 

-Виена е „Градот на соништата“ или „Градот на музиката“ и нуди скоро сè по што младите луѓе трагаат во еден град. Историјата на Виена, културата, економијата, екологијата и едноставно фактот што Виена е град со најдобар квалитет на живот го донесе на првото место“, пишува порталот.

Речиси една четвртина од сите жители на Виена се млади до 26 години, а само за оваа група жители наменети им се 1000 работни места во градските служби.

Веднаш зад Виена се најде Њујорк, а помеѓу првите десет градови се најдоа и Валета, Мелбурн, Салвадор, Дубаи, Ванкувер, Прага, Единбург и Париз.

06.10.2013 - 13:16

најчитано сега