Вонредна најава: Обилни врнежи, грмежи, ветер и град се пред нас

Македонија од денес па натаму влегува во жолта фаза поради големото дестабилизирање на атмосферата кое се очекува уште од денес попладне и навечер кога се очекува развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради многу загреаната атмосфера и исполнета со енегија локално процесите се очекува да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. И во следните денови ќе има честа појава на нестабилност на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во текот на новата недела исто така на некои места се очекува да падне значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавувања, анализира Славчо Поповски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега