Јапонија бара помош за „Фукушима“

Јапонија е подготвена да прими меѓународна помош за  прекин на истекувањето на радиоактивните води од оштетената нуклеарка „Фукушима“, изјавил денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

И покрај тоа што минатиот месец премиерот ги убедуваше  дека истекувањето „е под контрола“, повеќето јапонски граѓани оценуваат дека тој ги покрива проблемите од нуклеарната централа.

Јапонски официјални претставници признаа дека подземните води, кои се загадени од радиоактивното истекување од „Фукушима“, почнале да се слеваат во Тихиот Океан веднаш по оштетувањето на оваа нуклеарка во катастрофалниот земјотрес и цунами во март 2012 година.

Јавноста уште повеќе се загрижи по неодамнешното истекување на радиоактивните води од резервоарите на „Фукушима“.

06.10.2013 - 10:52

најчитано сега