На видеото од МВР си го виделе својот накит - и политичари “настрадаа“ од четворицата скопски арамии

 

Меѓу предметите кои ги украла четиричлената банда која го пустошела Скопје, се нашле и работи на сопруга на актуелен пратеник, како и предмети кои му припаѓале на функционер, објавува Канал 5, повикувајќи се на полициски извори. На видеото кое денеска го објави МВР, за граѓаните да си ги пронајдат украдените предмети, сопругата на пратеникот и функционерот си го препознале накитот кој го присвоиле четворицата приведени и познати скопски арамии. 

Според полициските извори, едниот од крадците од ваквите кражби заработил 33 илјади евра. Тој со штрафцигер насилно влегувал во домовите. Останатите тројца пленот кој го собрале го препродавале по пониска цена. 

05.10.2013 - 15:35

најчитано сега