Петар Грашо денеска ќе грми во „Скопје сити мол“

 

Познатиот пејач Петар Грашо, вечерва ќе им запее на скопјани на сцената во „Скопје сити мол“, по повод одбележувањето на првиот роденден на трговскиот центар. Роденденот на „Сити Мол“ се одбележува три дена со културни настани, изложи, модни ревии и попусти низ дуќаните.

Денеска роденденската програма започна во 11 часот, а ќе трае до полноќ. Во рамки на прославата во „Сити Мол“ ќе се одржи и традиционалната манифестација на општина Карпош „Ем умеам, ем можам“.

Освен со Грашо, посетителите ќе можат да се забавуваат и со други локални музичари, а ќе видат и кратко документарно видео со Сашко Коцев. Роденденски попусти денеска нудат игротеката „Имагинариум“, кината Синеплекс и Бобоулинг. 

 

 

05.10.2013 - 15:18

најчитано сега