Интервју со Даскаловски: Црвенковски сонува да биде Мило Ѓукановиќ
Политичкиот аналитичар, Жидас Даскаловски во интервјуто за Прес24, анализирајќи ги состојбите во опозицијата оценува дека СДСМ е во длабока криза на идентитет, без визија за сегашноста и иднината на партијата и државава и од тие причини не треба да бара никакво алиби за изборниот пораз.
-Разликата е преголема и јасно ја изразува вољата на граѓаните. Нерегуларностите беа и се сериозен проблем, но тие не смејат да ја замајуваат СДСМ дека народот го подржува во нивниот обид да ја наметнат приказната дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е режимска и авторитарна, вели Даскаловски во интервјуто за Прес24, потенцирајќи дека СДСМ има и проблем со кадровски решенија и на централно и на локално ниво со поврзување со електоратот во однос на неговите потреби и желби, како и проблем со јасен став за големите прашања како името, економијата и односот кон Албанците.
-Црвенковски е посебна приказна на која најблиска е сторијата на Мило Ѓукановиќ со тоа што Црвенковски само сонува да ги има успесите на својот по стаж колега од Црна Гора, вели Даскаловски за Прес24.
- Кај албанските партии состојбат е слична, ДУИ веќе работи по урнекот на ВМРО-ДПМНЕ, како пазарна добро организирана партија, а ДПА се обидува со големо ниво на емоции и критика по власта да победи на изборите. Оваа партија исто така има многу слаба база во Чаир и Кичево општини со сериозен број на гласачи така што веќе од старт нивните позиции се послаби од тие на ДУИ, вели за Прес24, Жидас Даскаловски
Тој оценува дека од сите кои успеаја да ја победат власта на овие избори, Зоран Заев, Андреј Жерновски, Зоран Дамјановски и Стефчо Јакимовски, токму Јакимовски го гледа како најсилна можна фигура во опозицијата.
ПРЕС24: Ретко кој успеа да го прдвиди изборниот изход од овие локални избори. СДСМ заврши со четири општини, ВМРО-ДПМНЕ со 56. Што се случи?
ДАСКАЛОВСКИ: Од една страна имате добро организирана, пазарна партија, ВМРО-ДПМНЕ која успеа да ги мобилизира сите свои гласачи и дел од неопределените. За разлика од нив СДСМ истото успеа да го направи само во неколку општини каде имаа добар резултат. СДСМ е во длабока криза на идентитет без визија за сегашноста и иднината на партијата и државава. Таа партија има и проблем со кадровски решенија и на централно и на локално ниво со поврзување со електоратот во однос на неговите потреби и желби, јасен став за големите прашања како името, економијата и односот кон Албанците така што убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ не е ни толкаво изненадување.
ПРЕС24: Опозицијата тврди дека ова е фалисификат и нереален приказ на волјата на граѓаните. Но, сепак невозможне е толкавата разлика да се дефинира како изборна нерегуларност. Општини на пример како Карпош, Струмица, Куманово, па и Центар, за кој власта беше многу загреана автомастки ги демантираат ставовите на СДСМ?
ДАСКАЛОВСКИ: Разликата е преголема и јасно ја изразува вољата на граѓаните. Нерегуларностите беа и се сериозен проблем но тие не смејат да ја замајуваат СДСМ дека народот го подржува во нивниот обид да ја наметнат приказната дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е режимска и авторитарна.
ПРЕС24: И не само во македонскиот блок, и кај албанскиот електорат е слична состојбата. ДПА изборите ги заврши со две градоначалнички места. ДПА го изгуби Тетово. Обично се вели кој до албанските партии го има Тетово, тој ја има доминацијата?
ДАСКАЛОВСКИ: Кај албанските партии состојбат е слична, ДУИ веќе работи по урнекот на ВМРО-ДПМНЕ, како пазарна добро организирана партија, а ДПА се обидува со големо ниво на емоции и критика по власта да победи на изборите. Оваа партија исто така има многу слаба база во Чаир и Кичево општини со сериозен број на гласачи така што веќе од старт нивните позиции се послаби од тие на ДУИ.
ПРЕС24: Што мислите тоа ли беше главниот мотив, Мендух Тачи да понуди оставка на лидерската позиција?
ДАСКАЛОВСКИ: Оставката на Тачи е сличен метод со повлекувањето на Црвенковски. Всушност двете партии се соочени со невозможен избор, без лидерите партијата е слаба во организациска смисла, но со нив не може да победи.
ПРЕС24: Раководството на партијата сепак не сакаше да разговара за негово повлекување. Дали тоа значи дека поразот на ДПА на овие локални избори е резултат на комплетно погрешна кампања на партијата, или пак, едноставно ДПА без Мендух Тачи би била, она што денеска е ПДП да речеме?
ДАСКАЛОВСКИ: Поразот на овие избори е релативен, ДПА сепак освои двојно повеќе гласови од минатите локални избори, и повеќе од она што освои на парламентарните избори во 2011 година. ДПА има и повеќе советници од 2009 година така што поразот не би требало премногу да ја дестабилизира кохезијата на партијата ако се усогласат односите на линија Тачи-Села.
ПРЕС24: Ако не се лажам, во 23 гродини парламентарна демократија, најмалку седум парламентарни изборни цикулса, шест локални, ДПА нема победено на ниту едни? Поправете ме ако грешам. Но, нешто веројатно не е како што треба во политичка платформа?
ДАСКАЛОВСКИ: ДПА дејствува со застарени методи на политички и изборен маркетинг не нуди нови квалитетни кадри и е разбирливо што губи веќе неколку циклуси.
ПРЕС24: Ова се втори избори на кои албанските гласачи не излегуваат на гласање. Најмал е процентот на излезност во сите албански средини. Како го коментирате тоа?
ДАСКАЛОВСКИ: Излезноста кај Албанците на овие избори беше висока приближно 20тина проценти поголема од локалните од 2009 година. Тоа е знак не само на етничката битка во Кичево и Струга туку и на мобилизацијата на електоратот во Тетово, Куманово, Сарај и други места.
ПРЕС24: Политичките аналитичари препознаваат две причини. Едната дека голем дел од Албанците во Македонија ги иама на список, но не во реалност, осносно дека голем дел се надвор на привремена работа во странство. Јас пак повеќе ја преферирам другата теза, а таа е дека албанскиот гласачки електорат не гледа понуда кај албанските партии која им нуди развој, економија, подобар живот, почитување на закони. Не мислите ли дека по две децении, веќе е излитена фразата за рамноправност, права, национализам... ? Не е ли време за една друга предизборна реторика?
ДАСКАЛОВСКИ: Да, време е за друга реторика која ДУИ веќе ја употребуваше на овие избори. Реториката на сите партии станува поконкретна и сообразена со локалните проблеми и развојни дилеми. Апатијата на албанските гласачи беше разбиена со еден силен политички набој и масовно гласање во скоро сите средини каде има значително присуство на Албанците со чест на исклучоци како Гостивар.
ПРЕС24: Тачи имаше доблес да понуди оставка, Црвенковски веројатно не ни размислува за таково нешто во моментов?
ДАСКАЛОВСКИ: Црвенковски е посебна приказна на која најблиска е сторијата на Мило Ѓукановиќ со тоа што Црвенковски само сонува да ги има успесите на својот по стаж колега од Црна Гора.
ПРЕС24: Ако го исклучиме Андреј Жерновски, чија победа во Центар, веројатно е резултат на лошата проценка на ВМРО-ДПМНЕ повторно на избори да оди со Владимир Тодоровиќ, тогаш остануваат, Зоран Заев, Зоран Дамјановски и исклучениот Стефчо Јакимовски. Тројца кои успеаја да најдат начин за победа на владеачката гарнитура. Од сите нив, Јакимовски ги победи и Црвенковски и Груевски. Кој од овие тројца Вие го препознавате како лидер на опозицијата?
ДАСКАЛОВСКИ: Сите тројца се силни личности, но само еден од нив извојува убедлива победа Стевче Јакимовски така што него би го видел како најсилна можна фигура во опозицијата.
ПРЕС24: Многумина, не знам дали Вие се согласувате со тој став, ќе речат народот гласа во страв. Но, искуствата од колку-толку дведецениската парламентарна демократија во Македонија во најмалку два наврати покажала дека нардоот кога сака, знае и гласа против. Очигледно е дека од 2006 наваму електоратот не гласа ПРОТИВ, тука ЗА некоја политика?
ДАСКАЛОВСКИ: Да и прашање за СДСМ е што нуди да се гласа за таа опција за разлика од понудата на ВМРО-ДПМНЕ. Се покажува дека само критика на власта не е доволна за успех на избори.
ПРЕС24: Македонија е пред нов извештај на Европскат Комисија. Од него ќе зависи дали ќе ги почне преговрите со Унијата. Кои се Вашите анализи, што ќе се случува по јуни?
ДАСКАЛОВСКИ: Ништо посебно нема да се случи, Грција ќе го блокира почетокот на преговори.