Ѝ земал пари за дрва и исчезнал - измамена жена од Свети Николе

 

Вчера во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 11:30 часот во Свети Николе во домот на 50-годишна жена дошло непознато лице кое и понудило за продажба огревни дрва по цена од 2.500 денари за метар кубен.

Според пријавеното, откако нејзинот сопруг отишол до соседната улица да ги види дрвата, непознатото лице се вратило во нивниот дом и и кажало дека сопругот се согласил да ги земе дрвата и побарал од жената да му ги даде парите. Откако лицето се изгубило без трага, оштетената го пријавила случајот во полициска станица.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега