Есма, Наумче Мојсоски и Сашко Коцев денеска ќе ве зачленуваат во „Браќа Миладиновци“
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска организира хуманитарна акција во рамки на скопската манифестација „Бела Ноќ“. Средствата од оние кои денеска ќе се зачленат во Градската библиотека, ќе бидат донирани за Универзитетската клиника за детски болести.
Во улога на библиотекари денеска ќе се појават повеќе познати личности од македонската естрада. Читателите од 11 до 16 часот ќе ги услужуваат Сашко Коцев, Весна Петрушевска, „Суперхикс“, „Некст тајм“, Тамара, Викторија Лоба, Есма Реџепова, Наумче Мојсовски, Влатко Илиевски, „Пеперминт“ и многу други.
Сите присутни ќе можат да донираат и за членство на ученици од финансиски загрозени семејства. Во акцијата која е поддржана од првата дама на Република Македонија, Маја Иванова, ќе се вклучи и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.