Мадона: Бев силувана на кров од зграда во Њујорк

 

Светската поп звезда Мадона откри страшна приказна од својот живот за ноемвриското издание на Харперс Базар. Мадона на почетокот од кариерата како млада пејачка доживеала страшно искуство кога се преселила во Њујорк. Таа вели дека била силувана на кров од зграда откако претходно насилникот и се заканил со нож дека ќе ја убие. 

„Њујорк беше онаков каков што го замислував, но не ме дочека со широко раширени раце. Првата година се најдов на нишан. Бев силувана на кров на зградата и одвлечена со нож на вратот, а во мојот стан провалија три пати. Не знам зошто, немав ништо вредно, откако ми го украдоа радиото првиот пат“ – наведува она.

Ова не е прв пат Мадона да зборува за тешкото искуство од својот живот. Во не толку далечната 1995 година во магазинот Њу Музикал Експрес, Мадона открила дека е силувана на почетокот на нејзината музичка кариера.

„Иако се чувствував уништено во тој момент, знам дека тоа искуство ме направи многу посилна личност. Ме натера да преживеам“ – рекал таа за британскиот магазин.

 

05.10.2013 - 11:17

најчитано сега