Почнаа катастарските активности за новиот Клинички центар во Ѓорче Петров

 Владата на денешната седница усвои Информација и Одлука за согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, со што, како што информира владината прес-служба, почнаа активностите за  катастарско-урбанистичките работи на парцелата којa е наменета за изградба на новиот Клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.

-На денешната седница владата ја разгледа ги усвои Информацијата и Одлуката за давање на согласноста за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место Веле Поле, за изградба на објекти со намена  А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура,  КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров, се вели во соопштението од седницата на Владата.

Со оваа одлука на Владата, се додава во соопштението, започнаа активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата којa е наменета за изградба на новиот Клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега