Премиерот Груевски ја посети црквата „Св.Ѓорѓија“ во Струга

 

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, ја посети црквата  „Св Ѓорѓија“ во Струга и им ги честиташе велигденските празници на жителите на овој град.

- Господ да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успеси и со решавање на сите предизвици, и секако да ги оствариме сите индивидуални цели, сите лични цели. Секое семејство, секоја индивидуа има сопствени желби, сопствени цели, посакувам да им се исполнат и истовремено да има многу повеќе почит меѓу луѓето, изјави Груевски.

 

најчитано сега