Скопјанец преживеал хорор: Го однеле на Водно, му ги врзале рацете и физички го нападнале

Синоќа околу 20 часот и 40 минути во Полициската станица Карпош, 55- годишниот М.Ш од Скопје пријавил дека противправно бил лишен од слобода од лицата М.Н. и Ф. Ј.

Според пријавителот, тие имале договориена средба во слаткарница во врска кражба што пријавителот ја извршил на 19.05.2019 година во казино, каде што работела М.Н.

После тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. После половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде М.Ш. бил приведен во врска со кривичното дело „кражба“.

Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода.

Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега