Иванов кој се уште на сајтот фигурира како претседател, повторно ќе биде дел од предмет на Антикорупциска комисијa

Иванов кој се уште на сајтот фигурира како претседател, повторно ќе биде дел од предмет на Антикорупциска комисија. Извори од Комисијата за Телма информираат дека антикорупционерите денеска разговарале за проверка дали постои непотизам и судир на интерес во закупот на канцелариите за иден Кабинет на Иванов во зградите на Џевафир. Неофицијално, новиот предмет ќе се спори со претходниот предмет отворен за Иванов за неговата имотна состојба и купувањето на становите. Антикорупциска ќе се обрати до институциите за прибирање на докумнети околу закупот на становите за канцеларии. Закупот за двата стана кои во петокот СОЗР ги изнајми на барање на Иванов за негов кабинет во зградите на Џевахир е во висина од 2.000 евра плус ДДВ. Договорот за закуп е склучен со фирмата „Турмак“ во сопственост на Есап, Хамит и Јусуф Џефахир, семејството со кое Иванов има кумашински релации.

Во меѓувереме, додека се расчистуваат прашањата на сајтот на Престедателот кој е претседател на државата и од кого Иванов ги изнајмил становите, во Централен регистар, како што дознава Телма, е започната промената на името на институцијата Претседател на државата. Претседателот беше последната институција која го немаше променето името во согласнст со новото уставно име, поради одбивањето на Иванов да го признае новото име на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега